Ќе стане најплатениот британски фудбалер

Ремзи убаво наплати што пристигнува во Јуве за без пари, доби неделна плата од 400.000 фунти!

Според пишувањата на БиБиСи, Арон Ремзи денеска ставил потпис на пред-договор со Јувентус според кој ќе има основна неделна плата од нешто над 400.000 фунти со која ќе стане најплатениот британски фудбалер.

Велшанецот летоска ќе биде слободен агент откако Арсенал ги прекина преговорите за продолжување на соработката. Неколку клубови пројавија интерес за услугите на Арон Ремзи, но најконкретен беше Јувентус.

Подолго време се говори дека двете страни си имаат подадено рака, а попладнево пристигна информација дека Арон Ремзи ставил потпис на пред-договорот.

Според БиБиСи, тој во Торино ќе има основна плата од нешто над 400.000 фунти неделно (нешто над 450.000 евра) или речиси 21 милион фунти годишно (речиси 24 милиони евра). Со вакви бројќи, Арон Ремзи ќе стане најплатениот британски фудбалер, и ќе биде помеѓу десетте најплатени играчи во Европа.

Во Италија и Јувентус само еден фудбалер ќе има поголеми примања од него, Кристијано Роналдо кој годишно инкасира околу 30 милиони евра. Арон Ремзи во Торино доаѓа без обесштетување, па веројатно затоа неговиот агент успеа да се избори за толку богат договор.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе