Наполи се подготвува за големи промени

Ремонт на Сан Паоло, Гатузо го менува Анчелоти, на продажба неколку играчи и понуда за Ибрахимовиќ

Во Наполи треба да се случат големи промени до крајот на овој месец и следниот, се најавува пристигнување на Џенаро Гатузо на местото на Карло Анчлоти, понуда е доставена до Златан Ибрахимовиќ а на продажба ќе бидат ставени неколку играчи.

„Наполитанците“ се во сериозна резултатска криза, речиси два месеци немаат победа во Серија А, атмосферата во соблекувалната е лоша по одлуката за карантин и бунтот кој беше спроведен па често се пишува дека сопственикот Аурелио Де Лаурентис ќе реагира.

Последните информации велат дека ќе се случи голем ремонт сред сезона. Карло Анчелоти во следните денови ќе биде разрешен, и како нов тренер ќе биде именуван Џенаро Гатузо. Се шпекулира дека легендата на Милан веќе си подал рака со Наполи за 18 месечен договор.

18 месечен договор му е понуден и на Златан Ибрахимовиќ, кој сака да се врати во Калчото и на маса има предлог и од Милан.

Се очекува Алан да биде продаден, и на негово место да се донесе Франк Кеси од Милан или Лукас Тореира од Арсенал.

Дрис Мертенс и Хосе Каљехон, кои ги одработуваат последните месеци од договорите, исто така ќе добијат шут – карта. Шпанецот се поврзува со преселба во Кина и соработка со својот поранешен ментор Рафа Бенитез, додека пак Белгиецот е мета на Интер.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе