Копа Либертадорес

Реми со четири голови меѓу Бока и Ривер во првото финално Суперкласико! (ВИДЕО)

Без победник заврши првиот меч од мега финалната пресметка во Копа Либертадорес меѓу лутите ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата, 2:2 беше резултатот на Бомбонера. 

Финалето меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата имаше фантастичен почеток со четири погодоци но без победник. Големите ривали одиграа 2-2 на Ла Бомбонера во Буенос Аирес.
 
Аргентинското „Суперкласико“ според многумина е најголемото градско дерби во светот, Бока и Ривер одиграле 248 натпревари но ова е нивна прва пресметка во финалето на Копа Либертадорес, најпрестижното јужноамериканско натпреварување.
 
Домаќинот, Бока Јуниорс два пати водеше. Поведе со 1-0 преку Абила, но Прато брзо изедначи на 1-1, сепк на одморот заминаа со предност откако Бенедето постигна гол. Но по 15 минути игра во вториот дел со автогол на Изкердоз Ривер дојде до реми.
 
Реваншот од финалето на Копа Либертадорес се игра на 24 ноември.
 

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе