ПМФЛ

Реми за Шкендија во Струга, Пелистер се спаси од пораз против Работнички

Шкендија одигра 1-1 на гостувањето кај Струга Трим Лум, Пелистер со гол на Антонио во судиското продолжение дојде до истиот резултат на гостувањето кај Работнички. 

Струга Трим Лум одлично го почна мечот против шампинот Шкендија, поведе во 11. минута со гол на Скендери, но гостите дојдоа до бод благодарение на Тимовски кој погоди во 80. минута.
 
Работнички водеше со Пелистер од 34. минута со гол на Ристевски, но Глоире Антонио во 90. минута израмни на 1-1 и не дозволи пораз на битолскиот тим.
 
Во Кавадарци, Тиквеш со убедливи 3-0 славеше над Македонија Ѓорче Петров, Нгоба, Ивановски и Спахиу ги постигнаа головите.
 
Најмногу голови имаше во Тетово каде Ренова со 5-2 ја совлада Брегалница. Головите за Ренова ги постигнаа Јусуфи, Селмани, Шефити, Илиески и Мустафов, за Брегалница поведоа Алтипармаковски и Манев.
 
Скопје со два гола на Кировски го победи Борец во Велес.
 
Од 18 часот се игра мечот меѓу Академија Пандев и Шкупи.
 
Табела 8. коло 
 
1. Ренова 17
2. Работнички 15
3. Шкупи 14 (-1)
4. Академија Пандев 14 (-1)
5. Струга ТЛ 13
6. Шкендија 11
7. Брегалница 10
8. Македонија ЃП 9
9. Скопје 8
10. Борец 7
11. Тиквеш 5
12. Пелистер 3

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе