Македонија У21

Реми за македонските надежи против Србија, Денковски одбрани пенал

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра 0-0 против Србија во Охрид и го освои првиот бод во квалификациите за ЕП 2023, голманот Денковски е херој, Елези е трагичар откако во 94. минута можеше да донесе победа за Македонија. 

Немаше голови, но имаше возбудувања на мечот меѓу младите селекции на Македонија и Србија.
 
Србите ја имаа најголемата шанса во првиот дел кога во 35. минута промашија пенал. Денковски го одбрани ударот на Тедиќ, одбиената топка дојде до Милосављевиќ, но македонскиот голман го одбрани и тој удар.
 
Македонија имаше неколку добри шанси, погоди и статива, а во 94. минута Елези промаши зицер откако од непосредна близна биеше млако во гостинскиот голман.
 
И за Македонија и за Србија ова беше прв бод во квалифкациите, откако ние во првото коло загубивме од Франција со 3-0, а тие од Украина со 1-0.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе