Премиерлига

Реми во дербито на Стемфорд Бриџ, Челси и Манчестер јунајтед ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Челси и Манчестер јунајтед одиграа 1-1 во големото дерби на Стемфорд Бриџ, Жоржињо беше во центарот на вниманието и при двата погодоци.

Челси имаше посед и повеќе шанси но не успеа да го победи Манчестер јунајтед кој немаше да биде чудно и да го добие овој натпревар.
 
Карик се определи за дефанзивна тактика, играта ја препушти комплетно на Челси и од контра напади се обидуваше да го загрози голот на Менди.
 
Челси можеше да поведе уште во четвртата минута но Хадсон Одои наместо да му ја подаде на Вернер кој беше сам, реши да шутира и Де Хеа го одбрани неговиот удар.
 
Во 31. минута Ридигер со шут од далечина ја погоди пречката од голот на Манчестер јунајтед.
 
Резултатот беше отворен по пет минути игра во второто полувреме кога по една катастрофална грешка на Жоржињо, Џејдон Санчо постигна гол за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
 
Во 68. минута беше досуден пенал за Челси, па Жоржињо доби шанса од белата точка да се искупи за грешката и му успеа, даде гол за израмнување на 1-1.
 
Во последните моменти од мечот Ридигер имаше голема шанса, од идеална позиција шутна високо над голот по што судијата отсвире крај.
 
На овој резултат се израдуваа Манчестер Сити и Ливерпул кои се доближија до Челси.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе