ПМФЛ

Реми на соседското дерби меѓу Вардар и Работнички, нова победа на Беласица

Вардар не ја искористи лошата форма на Работнички, дербито меѓу соседите заврши нерешено 1-1, Беласица прокнижи уште три важни бода во битката за опстанок откако со голем пресврт во финишот од мечот ја совлада Ренова со 3-2.

Работнички на денешниот меч против Вардар влезе во лоша форма но со голема потреба од бодови за избегнување на местата кои водат во втората лига. Романтичарите добро тргнаа, поведоа во 33. минута со гол на Петар Петковски, но по само пет минути игра во вториот дел Вардар израмни преку Мицевски на 1-1, тоа беше и конечниот резултат.
 
Беласица продолжува да победува во финишот од сезоната, Струмичани претходно ги скроти Академија Пандев и Шкендија кои не изгледаа заинтересирано за бодови против нив, а денеска со голем пресврт во финишот славеа против Ренова.
 
Беласица поведе во 19. минута со гол на Мирчевски, но следуваше пресврт на Ренова, Гафури го изедначи резултатот во 43. минута, а по 15 минути игра во вториот дел Кадриу донесе водство за гостите од Џепчиште. Финишот им припадна на домаќините, Мишов израмни на 2-2 во 86. минута, а во судиското продолжение Георгиев даде гол за победа на Беласица од 3-2.
 
Силекс одигра 0-0 на гостувањето кај шампионот Шкендија и сега има само еден бод повеќе од Беласица.
 
Македонија Ѓорче Петров со гол на Тантуровски во 30. минута го совлада Шкупи со 1-0. А Академија Пандев со убеливи 4-0 славеше над Победа. Погодоците за Пандевци ги постигнаа Дориев, Томовски, Мишов и Илиев.
 
Табела: 
 
1. Шкендија 73
2. Вардар 60
3. Академија Пандев 56
4. Шкупи 43
5. Ренова 42
6. Македонија ЃП 41
7. Работнички 40
8. Силекс 38
9. Беласица 37
10. Победа 23
 
Фото: ФК Работнички

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе