Вардар и Шкендија одиграа интересен натпревар на Арената „Тодор Проески“, домаќинот доминираше на теренот во текот на целиот меч, но гостите имаа водство од 2-0.
Вардар тргна напаѓачки уште од стартот на мечот и почна да креира можности за гол, но Шкендија преку Омер Имери во осмата минута дојде во водство.
Во 34. минута Шкендија остана со играч помалку откако Мици за опасен старт доби директен црвен картон. Но и покрај тоа Бесарт Ибраими пред крајот на првиот дел постигна фантастичен погодок за водство на гостите од 2-0.
Во второто полувреме се играше само пред голот на Шкендија, шансите се редеа и конечно во 72. минута Колевски постигна гол и го намали резултатот на 1-2.
Осум минути подоцна по еден одличен центаршут на Тошевски, Жуниор реализираше со глава за 2-2.
Вардар имаше шанси и за комплетен пресврт, но голманот Реџепи беше херојот на Шкендија на овој меч.
Во финишот од натпреварот црвен картон доби и Дарко Мицевски исто така поради груб старт.
Реми со два гола на гостински терен е одличен резултат за Шкендија по првиот натпревар, Вардар ќе брка победа во Тетово.
Најубедливата победа во првите осминафинални натпревари ја оствари бранителот на трофејот, Академија Пандев која го совлада Осогово со 3-0, Брегалница ја совлада Македонија ЃП со 1-0, Пелистер и Работнички одиграа нерешено 0-0, Лабуништа со 2-0 триумфираше над Охрид, а на дури три мечеви немаше голови, Шкупи - Силекс, Тиквеш - Ренова и Борец - Струга ТЛ.
Осминафинале Куп на Македонија (први дуели)
Вардар - Шкендија 2:2
Академија Пандев - Осогово 3:0
Пелистер - Работнички 1:1
Шкупи - Силекс 0:0
Тиквеш - Ренова 0:2
Брегалница - Македонија ЃП 1:0
Борец - Струга ТЛ 0:0
Лабуништа - Охрид 2:0