Се зголеми долгот на клубот од Олд Трафорд

Рекордни плати и рекордни загуби, Манчестер јунајтед го откри финасискиот извештај за минатата сезона

Манчестер јунајтед го откри финансискиот извештај за сезоната 2021/22, „ѓаволите" прикажаа за нив рекордна загуба од 115,5 милиони фунти.

Долговите на Манчестер јунајтед пораснаа откако клубот од Олд Трафорд за финансиската година која завршува на 30. јуни прикажа за нив рекордна загуба од 115,5 милиони фунти.

И покрај тоа што приходите пораснале за 18% и се искачиле на бројката од 583 милиони фунти, клубот секоја недела губел нешто над 2 милиони фунти.

Една за причините за загубите е зголемувањето на сметката за плати по трансферите на Кристијано Роналдо, Џејдон Санчо и Рафаел Варан.

Сметката за плати пораснала за 19,1% во однос на претходната сезона и изнесува 384,2 милиони фунти, што е рекордна бројка за било кој тим од Премиерлигата и надминување на рекордот на Манчестер Сити од 355 милиони фунти.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе