Зделката ќе се реализира по крајот на ЕВРО 2020

Рекорден трансфер во Премиерлигата, Сити и Гвардиола купуваат играч за 100 милиони?!

Според пишувањата на Дејли Мејл, Манчестер Сити ќе го ангажира Џек Грилиш за рекордни 100 милиони фунти, зделката ќе се комолетира откако фудбалерот ќе заврши со настапот на ЕВРО 2020.

Пеп Гвардиола носи ново рекордно засилување, Манчестер Сити ќе го урне сопствениот но и рекордот на Премиерлигата со трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила.

Како што пренесува Дејли Мејл, преговорите помеѓу двата клуба добро напредувале изминатиов период, бил забележан брз прогрес и паднал договор за трансфер од 100 милиони фунти.

Зделката ќе се комплетира откако Англичанецот ќе заврши со настапот на ЕВРО 2020.

Дејли Мејл додава дека Пеп Гвардиола нема да сопре тука и ќе бара од Манчестер Сити да биде купен и Хари Кејн од Тотнем, па рекордот може да биде соборен по втор пат во краток временски период.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе