Шпанецот се изненадил кога видел

Регилон: Тотнем поради Бејл низ тренинг центарот има дупки за голф!

Шпанскиот фудбалер мисли дека Тотнем направиле дупки за играње голф низ тренинг центарот со цел да го направат Герет Бејл посреќен. 

Најголемата пасија на Герет Бејл е играњето голф, во последните години од кариерата во Реал Мадрид изгледаше како да е посреќен кога ја игра оваа игра отколку фудбал.
 
Според англиските медиуми, на тренинг центарот на Тотнем имало и терен за мини голф уште од претходно, но некој изгледа се пошегувал со Регилон па му рекле дека тие ги направиле за Герет Бејл.
 
„Ми изгледа како да е поинаков отколку што беше во Мадрид. Јазикот му е се. Зборува добро шпански, не е лош, слично како јас што зборувам англиски, но комуникацијата, навиките, ми изгледа посреќен во Англија, не знам дали би се вратил во Мадрид“, вели Регилон.
 
„Она што најмногу ме изненади е дека на тренинг центарот на Тотнем има дупки за голф. Ги прашав зошто има дупки за голф, тие ми рекоа дека ги направиле за Бекл! Тие се кратки дупки, можеби 30 метри. Не можев да поверувам!
 
Регилон беше запрашан и како му се допаѓа работата со Мурињо, каков е неговиот однос со Португалецот.
 
„Одличен, сакам таков тим на тренер со високи барања од играчите, со интензивен тренинг. Кога не го правиме тоа што го сака, тој се лути, како и секој тренер, тој навистина е близок со играчите“.
 
„Тука се стемнува во пет часот, лигата е различна и столот, но добро се прилагодувам на новите ситуации. Добро стојам со соиграчите. Сон и Хојберг се добри момци“.
 
Регилон во договорот има клаузула според која може да биде откупен од Реал Мадрид следното лето.
 
„Мадрид е мојот дом, таму пораснав. Никогаш не знаете што носи иднината, но можноста ја има... не сум зборувал со Зидан, повеќе комуницирам со клубот. Знам што мислат тие за мене. Треба да донесам одлука. Времето ќе покаже“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе