Серија А

Ребиќ во 93. минута му донесе победа на Милан! (ВИДЕО)

Милан и Удинезе одиграа возбудлив натпревар со пет погодоци, на крајот победија Росонерите со 3-2 со гол на Анте Ребиќ во 93. минута од натпреварот. 

Драма на Сан Сиро со среќен крај за Милан, Удинезе може да жали што си замина без бодови, но борбениот домаќин заслужи победа.
 
Удинезе поведе уште во шестата минута со гол на Ларсен по еден голем кикс на Донарума кој несфатливо го напушти голот и истрча по топката.
 
Но по само три минути игра во второто полувреме Анте Ребиќ постигна гол за изедначување на 1-1.
 
Во второто полувреме брилијантен беше Џиџи Донарума кој со неколку одлични интервенции се извади за киксот од првиот дел.
 
Во 72. минута Тео Ернандез постигна фантастичен погодок со удар од далечина за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1.
 
Шест минути подоцна во игра влезе и Илија Несторовски, Удинезе го засили нападот и како плод на офанзивната игра дојдоа до изедначување преку Лазања во 85. минута.
 
Кога се чинеше дека на овој дуел ќе нема победник, Анте Ребиќ со својот втор гол на мечот, во последната минута од судиското продолжение му донесе победа на Милан од 3-2.
 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе