Трета среќа

Реал во последна офанзива, нуди 200 милиони евра за Килијан Мбапе

Според пишувањата на Скај Спортс, Реал Мадрид ќе направи последен напор да го ангажира Килијан Мбапе, „кралевите" на маса ќе стават предлог вреден 170+30 милиони евра.

Реал Мадрид не се откажува од намерата уште сега да го донесе Килијан Мбапе во своите редови, неколку извори пренесуваат дека преговорите со ПСЖ продолжуваат.

„Светците“ завзедоа цврст став, веруваат дека 180 милиони евра не се доволно и покрај тоа што Килијан Мбапе има само уште една година од договорот.

Сепак, во следните часови би можело да дојде до компромис. Се говори дека Килијан Мбапе го известил ПСЖ дека нема намера да го обнови договорот, побарал да биде пронајден заеднички јазик со Реал за тој да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ или во спротивно ќе замине како слободен играч по крајот на сезоната.

Скај Спортс исто така пренесува дека Реал Мадрид е подготвен да направи последен напор и да достави нова понуда вредна 200 милиони евра, односно предлогот да биде со формулата 170 милиони евра, плус додатни 30 милиони евра во бонуси.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе