Ла Лига

Реал тргна победнички во 2020 и привремено го презеде врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид привремено се искачи на врвот на табелата откако попладнево со 0-3 триумфираше на гостувањето кај Хетафе.

„Кралевите“ со победа и три бода ја започнаа 2020, избраниците на Зинедин Зидан славеа на незгодното гостување кај локалниот ривал Хетафе.

Реал Мадрид стигна до триумф од 0-3 благодарејќи на Тибо Куртоа и Рафаел Варан. Голманот се истакна со неколку добри интервенции во првотото полувреме, а дефанзивецот најпрво го натера домашниот голман да си постигне автогол и да подари водство за гостите од 0-1, за во второто полувреме да скокне највиско по еден центаршут и да донесе 0-2.

Конечниот резултат беше поставен длабоко во судиското надополнување по една контра во која Валверде несебично го проигра Модриќ за 0-3.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе