Најава за голема трампа

Реал со порака до Јувентус: Го сакате Иско, дајте ни го Дибала! (ФОТО)

Денешната насловна страна на Тутоспорт пишува за голема трампа помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, „кралевите" го бараат Пауло Дибала како дел од евентуалниот трансфер на Иско.

Иско се наоаѓа во незавидна ситуација на Сантијаго Бернабеу, добива мала минутажа од Солари, во Ла Лига нема стартувано меч од октовмри кога Лопетеги беше на клупата, па се почесто се говори за негово заминување. Голем број на клубови ја следат ситуацијата на Шпанецот, и се шпекулира дека Јувентус сериозно загризал за плејмејкерот. 

Според денешното издание на Тутоспорт, Реал Мадрид сака да го искористи овој интерес за да стигне до една ѕвезда на „Старата Дама“. Весникот на насловната страна објави „го сакате Иско, дајте ни го Дибала“ и пренесе дека Флорентино Перез ќе предлага голема трампа. 

Останува да се види дали може да се комплетира една ваква мега зделка, со оглед на тоа дека Јувентус за Пауло Дибала бара преку 100 милиони евра, додека пак Иско се проценува на 70-80 милиони евра.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе