„Кралевите“ пак им ги матат сметките на „каталонците“

Реал сака да го украде Лука Јовиќ од Барса, дали сумата од 45 милиони одново ќе биде талична за Перез?

Откако „кралевите" ја претекнаа Барселона до потписот на Винисиус Жуниор и Родриго, Реал сега со 45 милиони евра се обидува да го украде и Лука Јовиќ од Ајнтрахт.

Синоќа, „Франкфуртер Алгемајне“ пренесе дека Барселона си подала рака со агентот на Лука Јовиќ и постигнала договор со талентираниот Србин за преселба на Камп Ноу.

Но очигледно Реал Мадрид нема лесно да се откаже од 21 годишниот напаѓач, па „кралевите“ доставиле конкретен предлог до Ајнтрахт. Според пишувањата на Билд, шампионот на Европа понудил 45 милиони евра и се обидува да го украде фудбалерот пред Барса.

Интересно, Флорентино Перез со оваа сума веќе успеа да ја претекне Барселона до потписот на двајца перспективни играчи. „Каталонците“ беа во пол позиција за новите бисери од Бразил, Винисиус Жуниор и Родриго, но Реал го одврза ќесето и за 45 милиони евра најпрво си продаде рака со Фламенго а потоа и со Сантош.

Винисиус минатото лето пристигна на Бернабеу и полека прикажува дел од својот раскошен талент додека пак Родриго теба да се пресели во Мадрид во јули оваа година, (Сантош побара да го заджи играчот до јануари 2020, но Реал се уште нема одговорено позитивно).

Дали сумата од 45 милиони евра ќе биде талична за Флорентино Перез и при трансферот на Лука Јовиќ останува да се види.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе