Ново име на листата со желби на Зидан

Реал подготвува нова бомба: По Азар, Салах е приоритет за креирање страшно трио во нападот!

Од Франција пристигнува информација за нова трансфер бомба на Реал Мадрид, новинарот Филип Карајон вели дели дека „кралевите" го сакаат Мохамед Салах и веќе е остварен прв контакт со Египјанецот.

Реал Мадрид летоска ќе прави голема реконкструкција на тимот, па „кралевите“ се поврзуваат со голем број на фудбалери. Послено име кое се придодаде на списокот со желби на Флорентино Перез и Зинедин Зидан е Мохамед Салах од Ливерпул.

Ваква информација синоќа пренесе новинарот на Канал+ Филип Карајон, тој соопшти дека „кралевите“ по секоја цена го сакаат популарниот „Фараон“.

„Продолжува реконструкцијата на Реал Мадрид и по трансферот на Азар, иако не е официјално потврдено сите знаеме дека зделката ќе биде соопштена по финалето од Лига Европа, Зидан ќе тргне по уште еден одличен напаѓач и тоа е Мохамед Салах“ – вели Карајон.

„По Азар, Салах е приоритет за креирање страшно трио во нападот“.

Тој не откри повеќе детали и само посочи дека веќе е остварен прв контакт помеѓу Реал Мадрид и Мохамед Салах. Египјанецот има договор со Ливерпул до 2023 и „црвените“ сигурно нема лесно да се откажат од напаѓачот.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе