Хрватот побарал итен состанок

Реал подготвува непријатно изненадување за Модриќ, Лука останува без 10-та?!

Лука Модриќ би можел да остане без 10-та на грбот, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Зинедин Зидан му го ветил овој број на големото летно засилување Еден Азар.

Лука Модриќ на личен план ја живее најубавата година по преселбата на Бернабеу. Го доби големото признание „Златната топка“ и ја прекина доминацијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо а ги доби и сите други индивидуални награди како „Д Бест“ на ФИФА и она на УЕФА за Играч на годината.

„Кралевите“ исто така го наградија со нов побогат договор и го направија еден од најпалатените во тимот.

Но последните информации велат дека Реал Мадрид сега подготвува непријатно изненадување за Хрватот.

Еден Азар е големата желба на Зинедин Зидан, па Французинот ќе му даде се што ќе посака. Белгиецот во Челси и репрезентацијата на „ѓаволите“ игра со 10-та на грбот, па го побарал овој број и во Реал а Зизу дал ветување дека ќе му биде исполнета желбата.

Па Лука Модриќ збеснал кога разбрал за ова од директор близок до Флорентино Перез, и веднаш побарал состанок со претседателот и тренерот. Не се исклучува можноста Хрватот да замине доколку Реал му го земе бројот 10 и му го даде на Еден Азар.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе