Стратегот ќе може да ја каже својата страна од приказната

Реал не губи време, закажана презентацијата на Лопетеги

Реал Мадрид нема да чека да се симне прашината по шокантен отказ на Хулен Лопетеги од кормилото на Шпанија и вечерва во 19 часот на Сантијаго Бернабеу ќе го промовира стратегот како наследник на Зинедин Зидан

Хулен Лопетеги ја однесе Шпанија на светско но нема да ја предводи „Фуријата“ во Русија и мундијалот ќе го следи од дома откако вчера федерацијата донесе шокантна одлука и му врачи отказ на еден ден пред почетокот на СП 2018.

Луѓето од ФФШ беа гневни поради тоа што беше објавено дека тој се договорил со Реал Мадрид да го наследи Зинедин Зидан на кормилото на Сантијаго Бернабеу. Наводно преговорите се воделе во тајност а претседателот бил известен пет минути пред „Кралевите“ да го испратат соопштението.

Иако имаше закажана прес конференција за вчера, стратегот не се појави пред новинарите во Краснодар, само си ги спакува куферите и замина за Мадрид. Тој сепак вечерва ќе може да ја каже својата страна од приказната.

Шампионот на Европа реши да не губи многу време и во 19 часот на Сантијаго Бернабеу закажа средба со медиумите на која ќе го промовира Хулен Лопетеги за нов тренер.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе