Претседателот на „кралевите“ одбил зделка под такви услови

Реал можел да го купи Левандовски за само 20 милиони евра но Перез не сакал да влезе во војна со Баерн

Реал Мадрид имал прилика да го ангажира Роберт Левандовски за 20 милиони евра, сепак Флорентино Перез не сакал да влезе во војна со Баерн Минхен и се откажал од намерата да го ангажира Полјакот.

EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Во изминативе години, името на Роберт Левандовски често се поврзуваше со Реал Мадрид. Според пишувањата на АС, Полјакот најблиску бил до „Сантијаго Бернабеу“ во 2014 година.

„Кралевите“ можеле да го ангажираат напаѓачот за само 20 милиони евра, но Флорентино Перез не дал зелено светло.

Имено, Роберт Левандовски имал пред-договор со Баерн Минхен, и за да го раскине, требал да плати оштета од 20 милиони евра. Неговиот агент го известил Реал дека се подготвени ги откачат „баварците“ и да се преселат во Мадрид доколку „кралевите“ ја искешираат оваа сума.

Флорентино Перез сепак сметал дека ова е лош потег кој ќе значи влегување во војна со Баерн Минхен, па решил да седи мирен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе