Примера

Реал Мадрид во 94. минута се спаси од пораз од Севиља (ВИДЕО)

Реал Мадрид не успеа да ја победи Севиља и да избие на првото место во Примера, а кралскиот клуб на крајот може да биде и среќен што не загуби, натпреварот заврши 2-2. 

Реал Мадрид прв ја затресе мрежата на противникот, но голот на Бензема во 12. минута беше поништен поради офсајд.
 
Севиља поведе во 22. минута со гол на Фернандо по асистенција од Ракитиќ.
 
Во 67. минута Реал Мадрид успеа да израмни на 1-1 со гол на Асенсио, а потоа следуваше интересен момент.
 
Неколку минути подоцна Милитао играше во сопствениот шеснаесетник со рака, но играта продолжи, дојде до шеснаесетникокт на Севиља во кој беше соборен Бензема. По интервенција на ВАР беше досуден пенал за Севиља. Ракитиќ погоди за водство на Севиља од 2-1.
 
Водството на гостите траеше се до 94. минута кога Крос шутираше од далечина, Азар го смени правецот на топката и таа заврши во мрежата на Севиља за конечни 2-2.
 
На три кола до крајот Атлетико Мадрид е прв со 77 бода, Реал Мадрид и Барселона имаат по 75.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе