Лига на шампиони

Реал Мадрид во 93. минута се спаси од нов срамен пораз во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Со два гола во финишот Реал Мадрид се спаси од пораз на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, израмнувачкиот гол го постигнаа во 93. минута од мечот, натпреварот заврши 2-2. 

По дебаклот против Шахтар, Реал Мадрид беше на прагот на втор пораз по ред во Лигата на шампионите, Борусија Менхенгладбах водеше со 2-0, но кралскиот клуб се спаси на крајот.
 
Турам во 33. и 58. минута донесе водство на Борусија Менхенгладбах од 2-0, како одминуваше натпреварот се чинеше дека Реал Мадрид ќе го загуби и овој меч, но тоа не се случи.
 
Во 87. минута Бензема намали на 2-1, а во 93. минута Касемиро од непосредна близина реализираше за конечни 2-2.
 
Ливерпул со голови на Жота и Салах во второто полувреме дојде до победа од 2-0 против Митјиланд. Црна точка во победата за Клоп беше повредата на Фабињо кој од игра излезе во 30. минута.
 
Најмногу голови беа постигнати во Мадрид каде Атлетико со 3-2 го победи Салцбург. Фаворитот добро почна, со гол на Љоренте поведе со 1-0, но австријскиот тим преку Шобошлаи и Бериша направи комплетен пресврт.
 
Херој на Атлетико Мадрид беше Жоао Феликс кој во 52. минута најпрво изедначи на 2-2, а на пет минути пред крајот постигна и победнички гол за конечни 3-2.
 
Интересно беше на дуелот меѓу Аталанта и Ајакс кој заврши нерешено 2-2. Гостите со голови на Тадиќ и Траоре во првото полувреме водеа со 2-0, но Запата во вториот дел постигна два погодоци за реми.
 
Манчестер Сити со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Марсеј, головите ги постигнаа Торес, Гундоган и Стерлинг.
 
Порто со голови на Виеира и Серхио Оливеира го победи Олимпијакос со 2-0.
 
Претходо во денот Баерн Минхен со 2-1 славеше кај Локомотив Москва, Шахтар и Интер одиграа без голови.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе