Реал Мадрид

Реал Мадрид веќе не е во пол позиција за ангжман на Халанд, има други фаворити

Мадридскиот весник „АС“ пишува дека Реал Мадрид ја загуби пол позицијата за Ерлинг Халанд, како фаворити пред кралскиот клуб се посочуваат Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен.

Ерлинг Халанд ја игра последната сезона во Борусија Дортмунд, идното лето ќе биде продаден за висока сума, ќе наддаваат европските гиганти.

Реал Мадрид се посочуваше за еден од фаворитите за неговиот потпис, но интересот од Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен станува се посериозен, па сега сите тие се пред кралскиот клуб.

Причината за тоа е едноставна, приоритетна цел на Реал Мадрид е Килијан Мбапе. И покрај тоа што тој ќе дојде како слободен играч, ќе мора да добие исклучително богат договор, а тоа може да го спречи клубот да се бори рамноправно за Халанд со останатите клубови.

„Тајмс“ пишува дека раководството на Манчестер Сити веќе почнало преговори со Мино Рајола и Борусија Дортмунд. Тие не успеаа минатото лето да дојдат до потписот на Хари Кејн и не сакаат да останат без елитен напаѓач и за следната сезона па сега сакаат порано да си ја завршат работата, а Халанд станува нивната главна цел.

ПСЖ во Халанд гледа замена за Килијан Мбапе кој одбива да го продлжи договорот и голема е веројатноста дека ќе се пресели во Реал Мадрид следната сезона. Газдите на францускиот клуб прават напор во нападот следната сезона покрај Нејмар и Меси, да го имаат и Халанд.

Баерн Минхен кој многу често знае да ги купи најдобрите фудбалери на конкурентите во Бундеслигата, во Халанд гледа наследник на Левандовски. Полскиот напаѓач сака уште еден сериозен ангажман пред крајот на кариерата. Во опција се Реал Мадрид или клуб од Премиерлигата.

Битката за Халанд ќе биде голема, Мино Рајола трие раце, а кој ќе биде новиот клуб на Норвежанецот не се очеува да се знае во брзо време.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе