Зделка вредна околу 100 милиони евра

Реал Мадрид со мега понуда за Дибала, нуди пари плус Јувентус да одбере еден од Иско и Крос

Според пишувањата на Спортмедиасет, Реал Мадрид сака да го ангажира Пауло Дибала, „кралевите" на Јувентус му нудат пари и да си одберат еден фудбалер од Иско и Тони Крос.

Флорентино Перез, преку посредници од доверба, остварил котакт со раководството на Јувентус, првиот човек на Реал Мадрид сака да го ангажира Пауло Дибала.

Се работи за зделка од околу 100 милиони евра, односно Јувентус да си одбере еден фудбалер од Иско (проценет на околу 60 милиони евра) и Тони Крос (проценет на 50 милиони евра) а остатокот да биде платен во пари.

Спортмедиасет вели дека Јувентус во моментов нема намера да се раздели со Пауло Дибала со оглед на тоа дека ќе се прави голема реконструкција на тимот, но многу работи можат да се променат во следните месец дена.

СМ сепак додава дека напаѓачот сигурно нема да биде продаден доколку Кристијано Роналдо реши да замине од Торино. Изминативе денови одново се вратија гласините за негова преселба во ПСЖ, се говори дека неговиот агент Жорж Мендеш имал средба со спортскиот директор на „светците“, Леонардо.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе