ПСЖ требаше до денеска до 18 часот да одговори на понудата на Реал Мадрид од 170 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.
Одговор од парискиот клуб нема, па „АС“ пишува дека Реал Мадрид се повлекува од преговорите.
Килијан Мбапе сака трансфер во Реал Мадрид, но и тој е помирен дека на Сантијаго Бернабеу ќе се пресели следното лето. Напаѓачот синоќа беше главен во победата над Ремс и изгледаше среќен.
Летниот преоден рок завршува утре, не се очекува пресврт во овој случај, а една од причините е и тоа што ПСЖ не успеа да најде соодветна замена за Мбапе.