Реал Мадрид

Реал Мадрид се повлече од преговорите, Мбапе останува во ПСЖ

Помина периодот до кога Реал Мадрид му даде ултиматум на ПСЖ за трансфер на Килијан Мбапе, кралскиот клуб се повлекува од преговорите. 

ПСЖ требаше до денеска до 18 часот да одговори на понудата на Реал Мадрид од 170 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.
 
Одговор од парискиот клуб нема, па „АС“ пишува дека Реал Мадрид се повлекува од преговорите.
 
Килијан Мбапе сака трансфер во Реал Мадрид, но и тој е помирен дека на Сантијаго Бернабеу ќе се пресели следното лето. Напаѓачот синоќа беше главен во победата над Ремс и изгледаше среќен.
 
Летниот преоден рок завршува утре, не се очекува пресврт во овој случај, а една од причините е и тоа што ПСЖ не успеа да најде соодветна замена за Мбапе.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе