Се шпекулира за трансфер од 200 милиони евра

Реал Мадрид прв фаворит за потписот на Мбапе, но имаат силна конкуренција во Ливерпул, Јуве и Барса

Мали се шансите Килијан Мбапе да стави потпис на нов договор, „Ле Паризиен" вели дека напаѓачот ќе замине следното лето за 200 милиони евра а прв фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид.

Килијан Мбапе треба да биде „бомбата“ на трансфер пазарот следното лето. Напаѓачот е обврзан кон ПСЖ до 2022, но нема абер за продолжување на верноста па се почесто се пишува за неговата иднина.

Денешното издание на „Ле Паризиен“ вели дека мали се шансите Французинот да стави потпис на нов договор, па реално сценарио е трансфер во 2021 година.

Четири клубови се посочуваат како опции, а прв фаворит е Реал Мадрид. „Кралевите“ веќе во два наврати се обидоа да го купат, првиот пат кога тој имаше само 14 години и беше во посета на „Бернабеу“ и „Валдебебас“ и се сретна со идолот Кристијано Роналдо. Вториот обид беше во 2017, кога Килијан Мбапе го напушти Монако за преселба во Париз.

Конкуренција на Реал Мадрид ќе му бидат Ливерпул, Јувентус и Барселона.

Јирген Клоп е голем фан на играта на Килијан Мбапе и се верува дека е во постојан контакт со Французинот и луѓето кои се грижат за неговата кариера.

Неодамна беше објавено дека Јувентус подготвува 400 милиони за ангажман на Килијан Мбапе, „старата дама“ дури е подготвена да го вметне Кристијано Роналдо во зделката.

Што се однесува до Барселона, ќе има избори на Камп Ноу за нов претседател и се шпекулира дека кандидатот Виктор Фонт веќе прави математика и напори да го ангажира Килијан Мбапе доколку седне на чело на клубот.

„Ле Паризиен“ додава дека ќе бидат потребни околу 200 милиони евра за ПСЖ да даде зелено светло за продажба на својата млада ѕвезда.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе