Примера

Реал Мадрид прими два гола од Леванте но ги освои трите бода (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 3-2 го победи Леванте, Енис Барди одигра нешто повеќе од половина час на Сантијаго Бернабеу. 

Реал Мадрид прокнижи три бода победувајќи го Леванте на свој терен и го оствари вториот триумф оваа сезона.
 
Резултатот беше отворен по 25. минути игра кога Бензема погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0, само шест минути подоцна Французинот даде уште еден гол и ја зголеми предноста на 2-0.
 
Пред крајот на првото полувреме Касемиро постигна гол за убедливо водство на кралскиот клуб од 3-0.
 
Во вториот дел Реал Мадрид како да се опушти, Леванте со голови на Мајорал во 49. и Мелеро во 75. минута намали на 3-2 за интересен финиш на средбата. Но тоа беше конечниот резултат.
 
Енис Барди натпреварот го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 56. минута.
 
На овој меч за Реал Мадрид дебитираше Еден Азар.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе