Примера

Реал Мадрид повторно разочара, пораз од Алавес на домашен терен (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 загуби од Алавес на стадионот „Алфредо ди Стефано“, тимот на Зинедин Зидан уште еднаш ги разочара своите фанови оваа сезона. 

На Реал Мадрид не му оди во домашното првенство оваа сезона, доживеаа уште еден пораз на свој терен, овој пат Алавес си заминува со целиот плен.
 
Резултатот беше отворен уште во петтата минута кога по игра со рака на Начо, беше покажан пенал за Реал Мадрид кој го реализираше Лукас Перез.
 
По четири минути игра во вториот дел, Тибо Куртоа направи огромен кикс и му овозможи на Хоселу да постигне лесен гол за водство на Алавес од 2-0.
 
Реал Мадрид напаѓаше, но тешко му одеше, Алавес од контри можеше да дојде и до поголема предност.
 
Конечно во 86. минута Касемиро постигна гол за намалување на 2-1 и надеж дека може да се избегне пораз.
 
Во 96. минута Иско ја погоди пречката, тоа беше последното нешто на натпреварот, Реал Мадрид не се спаси, Алавес си заминува со победа.
 
За ситуацијата да биде уште полоша, Еден Азар по 30 минути го напушти мечот поради повреда.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе