Уште едни очајни перфроманси на голманот

Реал Мадрид објасни зошто Куртоа бил заменет на полувреме, но малкумина веруваат во тоа

Тибо Куртоа одигра уште еден лош натпревар за Реал Мадрид, овој пат тој траеше 45 минути бидејќи не се појави на теренот во второто полувреме. 

Куртоа е мета на критики од фановите на Реал Мадрид, неговите перформанси се оценети како многу лоши. Синоќа за едно полувреме прими два гола од Клуб Бриж.
 
На големо изненадување Зидан направи голманска измена во второто полувреме, на местото од Куртоа влезе Ареола и бранеше одлично.
 
По натпреварот директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо изјави дека Куртоа имал стомачни проблеми и затоа бил заменет.
 
„Куртоа имаше стомачен проблем. Ареола не спаси кога беше 2-1, бранеше многу добро“, изјави Бутрагењо.
 
Вадење на полувремето се смета за големо понижување за еден голман, па се претпоставува дека Реал Мадрид со изјавата за стомачни проблеми сака само да го заштити Куртоа. Ретко кој верува во приказната дека стомачниот вирус е причина за замената.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе