„Кралевите“ во нов обид за ангажман на Французинот

Реал Мадрид нуди дури четворица играчи во замена за Пол Погба

„Кралевите" одново ќе се обидат да го ангажираат Пол Погба, според пишувањата на Сан, клубот од Мадрид на Манчестер јунајтед му нуди четворица играчи во замена за Пол Погба.

Зинедин Зидан минатото лето го идентификуваше својот сонародник како последна сложувалка од новиот проект, Реал се обиде да му ја исполни желбата, но Манчестер јунајтед постави висока цена и одби да се раздели со Пол Погба.

Шпекулациите за иднината на Французинот, кој е под договор до 2021 година („ѓаволите“ исто така имаат опција да ја продолжат соработката до 2022) не престануваат и повторно се пишува за негово заминување од Олд Трафорд.

Денешното издание на Сан вели дека „кралевите“ одново ќе се обидат ова лето и на Манчестер јунајтед ќе му предложат голема трампа, дури четворица играчи во замена за Пол Погба.

Клубот од Мадрид ги нуди Хамес Родригез, Лукас Вазкез, Мартин Одегард и поранешниот член на Манчестер Сити, Брахим Диаз.

Сан додава дека во моментов Манчестер јунајтед останува на ставот дека Пол Погба не е на продажба, Оле Гунар Солшер сака да го спои Французинот со зимското засилување Бруно Фернандеш и да креира моќно дуо во средниот ред.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе