„Кралевите“ сакаат да ја победат конкуренцијата од Премиерлигата

Реал Мадрид нуди 100 милиони евра плус фудбалер за да го ангажира Белингам

Медиумите од Германија пренесуваат дека Реал Мадрид подготвува богата понуда за ангажман на Џуд Белингам, „кралевите" се подготвени да платат 100 милиони евра и во Борусија Дортмунд да го испратат Едуардо Камавинга.

Џуд Белингам важи за еден од најперспективните млади фудбалери од средниот ред во Европа и со одличните партии го привлече вниманието на неколку гиганти.

Според Скај Германија, Реал Мадрид подготвува богата понуда со цел да ја победи конкуренцијата од Премиерлигата.

„Кралевите“ се подготвени да платат 100 милиони евра и во Борусија Дортмунд да го испратат Едуардо Камавинга.

Предлогот е примамлив за „милионерите“, покрај тоа што ќе добијат огромна сума на пари, ќе добијат и квалитетен фудбалер кој би можел да го замени Џуд Белингам во тимот.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе