Во кралскиот клуб се разочарани од односот на фудбалерот

Реал Мадрид никогаш нема да го ангажира Мбапе и да му го оствари детскиот сон

Шпански новинари блиски до Реал Мадрид тврдат дека кралскиот клуб веќе никогаш нема да тргне по Килијан Мбапе, тие се крајно разочарани од неговата постапка да не си го одржи зборот.

Мбапе беше многу блиску до Реал Мадрид, му имаше дадено ветување на Флорентино Перез дека ќе потпише за нив, но во последен момент се предомисли и го продолжи договорот со ПСЖ.

Постапката на Мбапе ги налутило сите во Реал Мадрид. Дел од шпанските медиуми пишуваат дека не само Флорентино Перез, туку кој и да дојде друг претседател во клубот, нема да тргне по Килијан Мбапе, никогаш.

Емоциите сега се свежи, можеби кога ќе спласнат, ставот на Реал Мадрид ќе се промени, но засега не сакаа да слушнат за Мбапе.

Мбапе од мал бил фан на Реал Мадрид и тоа никогаш не го криел, негов детски сон беше да заигра за кралскиот клуб, но реши најубавите години од кариерата да ги помине во ПСЖ играјќи во француското првенство.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе