Соопштение на кралскиот клуб

Реал Мадрид негира дека сака да се сели во Премиерлигата

Реал Мадрид излезе со официјална реакција за веста на „Мундо Депортиво“ дека кралскиот клуб ја разгледува можноста за преселба од Ла Лига во Премиерлигата. 

Утринава „Мундо Депортиво“ ја разбранува јавноста со една сензационалистичка вест која изгледа невозможно. Каталонскиот весник напиша дека Флорентино Перез сака да го пресели Реал Мадрид во Премиерлигата и почнал да прави анализи како да се реализира тоа.
 
Реал Мадрид како комплетно лажна ја оцени веста на „Мундо Депортиво“.
 
„Инфомацијата која денеска беше објавена од весникот „Мундо Депортиво“, во која се вели дека нашиот клуб ја разгледува можноста за селење од Ла Лига во Премиерлигата, Реал Мадрид сака да посочи дека оваа информација е комплетно лажна, апсурдна и невозможна и служи само да му наштети на нашиот клуб“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе