Интересна статистика, се буди ли „кралот“?

Реал Мадрид не дозволи ниту да му шутнат во рамките од голот на два меча по ред! (ФОТО)

Интересна статистика, најпрво Севиља, а потоа и Осасуна не успеаа да шутнат во рамките од голот на Реал Мадрид.

Реал Мадрид не ја почна најдобро сезоната, но оствари добри резултати на последните два натпревари, победи на гостување кај Севиља со 1-0, а потоа на свој терен со 2-0 ја совлада Осасуна.

Против Севиља, Куртоа за прв пат сезонава ја сочува својата мрежа, но противникот не упати ниту еден шут во рамките на неговиот гол.

Против Осасуна бранеше Ареoла, но ниту нему не му шутнаа, и тој не требаше да направи интервенција во текот на 90 минути.

Одбраната на Реал Мадрид функционираше одличн на овие мечеви, за 180 минути не дозволи да биде упатен ниту еден шут во рамките од голот од страна на противникот. Уникатна статистика.

Можеби со овие два натпревари Реал Мадрид најавува извлекување од кризата по која почна да се шпекулира со отказ за Зидан. 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе