Данецот е мета на неколку гиганти

Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Ериксен веќе во јануари, но има конкуренција во три други клубови

Кристијан Ериксен се најде на насловната страна на АС и Марка, весниците блиски до Реал Мадрид пишуваат дека „кралевите" во јануари ќе се обидат да го ангажираат фудбалерот од средниот ред.

Данецот минатото лето често се поврзуваше со преселба на Бернабеу, самиот Кристијан Ериксен јавно го повика Реал Мадрид да достави понуда, но една ваква зделка никогаш не се реализираше.

Се верува дека Зинедин Зидан инсистирал на ангажман на Пол Погба и наредил или да биде ангажиран неговиот сонародник или никој друг.

Но според пишувањата на АС и Марка, Реал Мадрид во јануари ќе го обнови интересот за Кристијан Ериксен. Весниците го ставија фудбалерот на својата насловна страна и пренесоа дека можноста е предобра да се испушти со оглед на тоа дека Данецот ќе може да биде донесен за многу мала сума на пари, па раководството донело одлука и покрај тоа што желбите на Зизу се други.

Фудбалерот од средниот ред ја одработува последната година од договорот и Тотнем има последна шанса да ќари нешто во зимскиот преоден рок или во спротивно ќе го загуби играчот за без пари.

Реал Мадрид сепак нема да има лесна задача, Кристијан Ериксен е желба на уште неколку клубови како Јувентус, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе