Откако го договорија трансферот на Еден Азар

Реал Мадрид ќе го договори и Пол Погба, но има еден проблем

Реал Мадрид е во преговори со Манчестер јунајтед за трансфер на Пол Погба, но пречка се високите барања за плата на фудбалерот, пишуваат француските медиуми.

Реал Мадрид веќе го договори трансферот на Еден Азар од Челси за сума од околу 100 милиони евра. Се очекува зделката официјално да биде потврдена по завршувањето на финалето од Лига Европа кога Белгиецот ќе го има последниот настап во синиот дрес.
 
Второто големо засилување од Премиерлигата треба да биде Пол Погба.
 
Според „Л'Екип“, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе се договорат за обесштетувањето, но проблем се личните услови на фудбалерот.
 
Погба сака плата од 15 милиони евра годишно, а Реал Мадрид не сака да го прифати тоа бидејќи би се нарушила структурата на плати во клубот.
 
Извор од Реал Мадрид за францускиот весник открил дека ако дојдат Нејмар или Мбапе може да добијат највисока плата во клубот, но не и Пол Погба.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе