Голем попуст за тој што сака да го купи фудбалерот од Белгија

Реал Мадрид ја одреди цената на Еден Азар

Според пишувањата на весникот АБЦ, Реал Мадрид е подготвен да го продаде Еден Азар за само 50 милиони евра, три пати помалку од сумата која ја договори со Челси пред две години.

Синоќа од Шпанија пристигна вест дека Реал Мадрид одлучил да го продаде Еден Азар, на „кралевите“ им е преку глава од лошите партии на играчот.

Медиумите и денеска продолжуваат да пишуваат за иднината на фудбалерот од Белгија, Марка пренесе дека раководството на „кралевите“ го загубило трпението па играчот е ставен на трансфер листа.

Весникот АБЦ пак пишува дека Реал Мадрид ја одредил цената на Еден Езар, дава голем попуст и е подготвен да го продаде за само 50 милиони евра. „Белите“ пред две години го купија Еден Азар за 100 милиони евра, а на Челси му ветија и додатни 50 милиони евра во бонуси.

Останува да се види дали ќе пристигне понуда по мерак на Реал Мадрид, и дали Еден Азар ќе прифати да замине. АБЦ не ја исклучува можноста играчот да добие уште една шанса да се докаже, особено доколку Зинедин Зидан остане на кормилото.

Зизу и понатаму верува во играчот и сака да проба да го врати во врна форма.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе