Лига на шампиони

Реал Мадрид и Манчестер Сити го заверија настапот во полуфиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Манчестер Сити се последните патници во полуфиналето, кралскиот клуб одигра 0-0 на Енфилд против Ливерпул, а тимот на Пеп Гвардиола со 2-1 ја победи Борусија во Дортмунд. 

Реал Мадрид со предност од 3-1 отпатува во Ливерпул и успеа да ја задржи, тимот на Клоп го заврши настапот во Лигата на шампионите.
 
Ливерпул пропушти неколку убави шанси во првото полувреме за да го направи натпреварот поинтересен, но не успеа.
 
Во вториот дел, лесно можеше да се случи Реал Мадрид да дојде до нов триумф, но тие се задоволни со ремито без победник.
 
Во полуфиналето Реал Мадрид ќе игра против Челси.

Борусија Дортмунд одлично го почна мечот против Сити, поведоа со гол на Белингем уште во 15. минута.
 
Во продолжението Манчестер Сити напаѓаше, имаше иницијатива, но тешко создаваше големи шанси.
 
По десет минути игра во вториот дел Емре Џан играше со рака, судијата покажа на белата точка, пеналот прецизно го реализираше Махрез за израмнување на 1-1.
 
Во 75. минута Фил Фоден испука бомба од далечина и реализираше за комплетен пресврт и победа на Манчестер Сити од 2-1.
 
Во полуфиналето Манчестер Сити ќе игра против ПСЖ.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе