Размена на незадоволни фудбалери

Реал Мадрид и Јувентус подготвуваат голема трампа за јануари

Според „Калчомеркато“, Реал Мадрид и Јувентус би можеле да направат голема трампа во јануарскиот преоден рок, Пауло Дибала за Винисиус и Иско. 

Дибала не е во преден план кај Андреа Пирло, аргентинскиот фудбалер веќе покажа незадоволство и можеби конечно ќе одлучи да го напушти клубот.
 
Реал Мадрид ги следи случувањата со Дибала и подготвен е да реагира уште во јануарскиот преоден рок.
 
Кралскиот клуб е подготвен на Јуве да му ги понуди Винисиус и Иско за да го добие Дибала.
 
Со овој потег Реал Мадрид се надева дека не само што ќе го добие Дибала туку и ќе ја подобри атмосферата во соблекувалната.
 
Пред само некој ден беше објавена снимка како Бензема му вика на Менди да не му подава на Винисиус бидејќи тој не е доволно добар и само му прави штета на тимот. Ваквите зборови на напаѓачот ќе влијаат дополнително за нарушување на односите во тимот.
 
И Иско беше уловен како се жали од одлуките на Зидан да не го игра често во тимот.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе