Лига на шампиони

Реал Мадрид и Челси без победник ја завршија првата полуфинална битка (ВИДЕО)

Реал Мадрид не ја искористи предноста на домашен терен, мечот заврши 1-1, Челси има повеќе причини за задоволство по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. 

Натпреварот почна динамично, Челси беше подобар во воведниот дел, а Тимо Вернер пропушти неверојатна шанса откако од само неколку метри шутираше лошо и Куртоа го одбрани неговиот удар.
 
Но поправи Пулушиќ во 14. минута кој реши да не му додаде на Вернер, направи соло акција и погоди за водство на Челси од 1-0.
 
По примениот гол Реал Мадрид се разбуди, заигра подобро и тоа вроди со плод во 29. минута кога Бензема постигна мајсторски гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.
 
Во второто полувреме се играше претпазливо, без големи шанси за гол.
 
Реваншот е на 5. мај на Стемфорд Бриџ.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе