Ел Класико надвор од теренот

Реал Мадрид и Барселона водат битка за двајца слободни фудбалери

На 24. октомври ќе биде првиот Ел Класико дуел оваа сезона, но според „АС“, Реал Мадрид и Барселона ќе имаат битка и надвор од теренот, поточно на трансфер пазарот.

Битката ќе биде за ангажман на Франк Кеси и Антонио Ридигер, на двајцата фудбалери актуелните договри им истекуваат ова лето.

Финансиската ситуација на клубовите направи да стане модерно ангажирањето на слободни фудбалери. Минатото лето на таков начин Реал Мадрид го донесе Алаба, а Барелона потпиша со Депај, Гарсија и Агуеро.

Франк Кеси засега ги одбива понудите на Милан за нов договор и како што стојат работите во моментов многу поголеми се шансите тој да замине отколку да остане на Сан Сиро.

Кеси се поврзуваше со Барселона, но „АС“ тврди дека интерес има и од Реал Мадрид кој во него гледа природна замена за Касемиро.

По заминувањето на Рамос и Варан, Реал Мадрид е тенок во одбраната, ангажманот на Алаба не е доволен, па идеално сценарио за Реал Мадрид е потпис со Ридигер кој маестрално ја почна оваа сезона. Сините се трудат да го задржат, но тој засега ги одбива предлозите за нов договор.

Понуда за Ридигер се очекува да пристигне и од Барселона која исто така има потреба од дефанзивец.

Но во битката по потписот на овие двајца фудбалери се очекува да се вклучат и останатите гиганти, пред се ПСЖ кој е во состојба да им понуди мега договори.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе