Примера

Реал Мадрид го совлада Еспањол и стана прв тим во Примера со 1700 победи во Примера

Реал Мадрид со голови на Варан и Бензема дојде до триумф од 2-0 против Еспањол, ова за кралскиот клуб беше јубилејна 1700 победа во Примера. 

Голем јубилеј на Реал Мадрид, 1700 победа во Примера. Кралскиот клуб ја оправда улогата на фаворит и без многу мака го совлада Еспањол.
 
Отпорот на тимот од Барселона траеше до 37. минута кога по асистенција од Бензема, Варан постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
 
На втор гол се чекаше до 80. минута кога по убава асистенција од Валверде, Бензема постигна гол за 2-0, сите дилеми околу победникот беа решени тука.
 
Реал Мадрид натпреварот го заврши со 10 фудбалери откако Менди заработи втор жолт картон во 83. минута.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе