Трансфер вреден 30 милиони евра

Реал Мадрид го комплетираше трансферот на големиот бразилски талент Реиниер

Големиот бразилски талент, Реиниер Жесус кој има само 18 години е нов играч на Реал Мадрид, кралскиот клуб плати 30 милиони евра за овој трансфер. 

Реал Мадрид ја плати откупната клуазула која ја имаше Реиниер во договорот со Фламенго и го ангажираше бразилскиот талент.
 
Тој потпиша договор со Реал Мадрид до 2026 година, а од февруари прво ќе игра за Кастиља.
 
Кралевите за овој трансфер ќе платат 30 милиони евра, 80% од таа сума, односно 24 милиони евра се за Фламенго, а останатите ќе бидат поделени меѓу агентот и фамилијата на фудбалерот. Агентот ќе добие три милиони евра колку што и фамилијата на Реиниер.
 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе