Повторена ждрепка за ЛШ

Реал Мадрид го доби ПСЖ во повторената ждрепка за осминафиналето од ЛШ

Реал Мадрид може да биде бесен на повторувањето на ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите откако го добија ПСЖ. 

Денеска се случи нешто невидено, двапата се влечеа осминафиналните парови од Лигата на шампионите, откако при првото влечење беше направена грешка.
 
Направената грешка не влијаеше на Реал Мадрид, па кралскиот клуб се бунеше на повтореното влечење. Тие тогаш ја добија Бенфика, но од вторпат го добија ПСЖ кој важи за далеку посериозен противник.
 
Нема да гледаме осминафинален дуел меѓу Меси и Роналдо, во првото влечење се паднаа токму ПСЖ и Манчестер јунајтед, но црвените ѓаволи сега ќе играат против Атлетико Мадрид.
 
Осминафинале Лига на шампиони:
 
Салцбург - Баерн Минхен
Спортинг Лисабон - Манчестер Сити
Бенфика - Ајакс
Челси - Лил
Атлетико Мадрид - Манчестер јунајтед
Виљареал - Јувентус 
Интер - Ливерпул
ПСЖ - Реал Мадрид
 

Првите натпревари се играат на 15/16/22/23 февруари, реваншите се на 8/9/15/16 март.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе