Шпански Суперкуп

Реал Мадрид го доби класикото против Барселона за пласман во финале (ВИДЕО)

Реал Мадрид го добл Ел Класико дуелот против Барселона кој траеше 120 минути, кралскиот клуб победи со 3-2 и се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп. 

Шпанскиот Суперкуп се игра во Саудиска Арабија во вид на фајнл-фор турнир. Првиот меч беше вечерва меѓу шпанските великани Реал Мадрид и Барселона.
 
Реал Мадрид го отвори резултатот во 25. минута со гол на Винисиус Жуниор кој погоди по асистенција од Бензема. На четири минути пред крајот Лук де Јонг погоди за израмнување на 1-1.
 
Во 72. минута Бензема постигна гол и го врати водството на Реал Мадрид, но десетина минути подоцна Ансу Фати реализираше со глава и изедначи на 2-2. Со тој резултат завршија регуларните 90 минути.
 
Во продолжението по еден контра напад, Валверде погоди во 98. минута и донесе победа за Реал Мадрид од 3-2.
 
Второто полуфинале на програмата е утре а во него играат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе