Лига на шампиони

Реал Мадрид го доби дербито со Интер, гол број 100 за Рамос (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 3-2 го победи Интер во дербито од Лигата на шампионите, Серхио Рамос го постигна 100от гол во дресот на кралскиот клуб, Ливерпул ја демолираше Аталанта во Бергамо, славеше со 5-0, Диого Жота постигна хет-трик. 

Фаворитите во групата Реал Мадрид и Интер денеска, во третото коло се бореа за првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона. До неа дојдоа домаќините кои триумфираа со 3-2.
 
Резултатот беше отворен во 25. минута кога Хакими Ашраф му подари една топка на Бензема а тој погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0.
 
Осум минути подоцна Серхио Рамос донесе водство од 2-0, тоа беше негов 100. гол во дресот на Реал Мадрид, од кои дури 55 се со глава.
 
Интер се врати во мечот, преку Лаутаро Мартинез и Перишиќ дојде до изедначување на 2-2. 
 
Лаутаро имаше голема шанса и за комплетен пресврт, но откако не успеа Родриго даде гол за победа на Реал Мадрид од 3-2.
 
Ливерпул со фантастични 5-0 ја победи Аталанта на нејзин терен, а херој беше новото засилување Диого Жота.
 
Жота постигна хет-трик, погодоци реализираа и Салах и Мане.
 
Манчестер Сити со 3-0 го победи Олимпијакос, Торес, Габриел Жесус и Кансело беа стрелци за англискиот тим.
 
Најмногу голови имаше на мечот меѓу Салцбург и Баерн Минхен, дури осум. Баварците победија со 6-2.
 
Салцбург поведе уште во четвртата минута со гол на Бериша, но потоа следуваа голови на Левандовски и автогол на Кристенсен Баерн го сврте мечот.
 
Во 66. минута Окугава изедначи на 2-2, а во последните десетина минути следуваше фуриозен финиш на Баерн Минхен, Боатенг, Сане, Левандовски и Хернандез погодија за победа од 6-2.
 
Порто со 3-0 славеше над Марсеј, а Ајакс со 2-1 победи на гостувањето кај Митјиланд. Претходно Менхенгладбах со 6-0 победи кај Шахтар, а Локомотив Москва и Атлетико Мадрид одиграа 1-1.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе