Иако пред две години одбија да го продадат Германецот

Реал Мадрид го дава Крос за Пјаниќ

Гласини од Шпанија велат дека летово е можна размена меѓу Реал Мадрид и Јувентус, кралскиот клуб го сака Пјаниќ а за возврат го дава Крос.

Јувентус пред две години го сакаше Тони Крос, но тогаш Реал Мадрид одби да го продаде, но сега работите се менуваат.

Крос оваа сезона е во лоша форма, а една од желбите на Зинедин Зидан е Миралем Пјаниќ.

Флорентино Перез сака да го искористи Крос за да му ја исполни желбата на Зидан и да го донесе Пјаниќ на Бернабеу.

„Тутоспорт“ вели дека Јувентус би можел да се сложи на една ваква зделка но проблем може да биде платата. Пјаниќ во Јувентус заработува 6,5 милиони евра годишно, а Крос во Реал двојно повеќе.

Фабио Паратичи треба да направи пресметки дали на Јувентус ќе му се исплати да му дава висока плата на Крос, доколку Германецот не се сложи да игра за помалку пари од тие што ги добива во Реал Мадрид.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе