Лига на шампиони

Реал Мадрид е првиот клуб кој ја поминал магичната бројка од 1.000 голови во ЛШ (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 го победи Шахтар, а Карим Бензема стана фудбалерот кој го постигна јубилејниот 1.000 гол за кралскиот клуб во Лигата на шампионите, односно Купот на европските шампиони како што ова натпреварување се викаше претходно. 

Реал Мадрид дојде до планираните три бода во Лигата на шампионите против Шахтар. А на овој меч се случи и јубилејниот 1.000 гол за кралскиот клуб во најелитното европско натпреварување. Ниту еден друг клуб не стигнал до оваа бројка.
 
Тандемот Бензема - Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието. Винисиус двапати асистираше, Бензема двапати погоди, во 14. и 61. минута.
 
Единствениот гол за Шахтар го постигна Фернандо во 39. минута.
 
Реал Мадрид по четири одиграни кола има девет бода.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе