Реал Мадрид одигра доминантна партија против Елче и лесно ги освои трите бода. Тимот на Анчелоти даде шест гола, но само три беа регуларни.
Првиот поништен гол се случи во шестата минута кога погоди Бензема. Но само пет минути подоцна Валверде постигна убав погодок за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Во 26. минута Реал Мадрид изведе перфектна акција која Алаба ја круниса со гол, но и овој погодок беше поништен поради офсајд.
По 15. минути игра во вториот дел уште еднаш му беше поништен гол на Бензема поради офсајд.
Фудбалерот кој ја доби Златната топка конечно постигна регуларен гол во 75. минута за водство на Реал од 2-0.
Конечните 3-0 за Реал Мадрид ги постави Асенсио во 89. минута по асистенција од Родриго.